Најново
Home » Колумни » Партиите повторно на проверка пред граѓаните

Партиите повторно на проверка пред граѓаните

Судејќи според се’, политичките партии во Македонија го почнаа или се подготвуваат наскоро да го почнат големото спастрување, чистење и подготвување за октомвриските локални избори кога ќе се избираат градоначалници и членови на општинските совети. Поголемите и поамбициозните, кои не сакаат ништо да остават на случајноста, веќе се зафатија со сериозни програмски, организациони, пропагандни и кадровски подготовки, што треба да созададат претпоставки за успешен настап во изборното одмерување на силите со конкурентите на политичката сцена.

Ако се има сериозни амбиции за рамноправна политичка борба, во искушението од типот “да се биде или не”, кое за повеќе партии ќе се постави во најразлична форма, тогаш времето до изборите влегува во цајтнот. Се’ она што претстои и што треба да се направи, укажува на една прилично голема одговорност на активности и процедура.

Еден од основните услови претстојните локални избори да бидат демократски, меѓу другото, е и одзивот на гласачите. Тоа е шанса да профункционира најдемократскиот принцип за искажување поддршка или незадоволство од политиката на една или друга партија и да се покаже потребата на промени или да се потврди досегашната политика. Станува збор за демократско право кое треба до крај да се искористи и на денот на гласањето да се соопшти сопствената гласачка волја. Токму и затоа, комбинаториките кои ги прават партиските водства во моментов остануваат само желба, се’ додека на денот на изборите, својот глас, не го дадат самите граѓани.

Во овој изминат, скоро тридецениски плуралистички амбиент, граѓаните веќе научија да препознаваат – кој е кој. Кој сака да гради, кој сака да растура. Едни потпишуваат, други отпишуваат. И ветувањата се такви. Се’ е во расчекор. Некои и кога губат се претставуваат како победници. И кога поразот им е фрлен пред нозе, тие гледаат високо, нагоре. И со уште многу чудни и несфатливи работи се наќитени некои од политичарите. И така, се’ е благопријатно и забавно. Самата помисла дека се наближува денот, кога треба да се појават пред својот народ, пред своите избирачи, да се соочат со вистината кога ќе треба да кажат кој, колку и што направил за време на својот политички ангажман. За некого таквата помисла внесува немир и неспокој, но за некого и предизвик и мотив, во зависност кој и што стработил. Знае тоа да го мери и вреднува нашиот граѓанин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online