Најново
Home » Живот » По повеќе од три децении, ќе се реконструира Заводот за рехабилитација во Отешево

По повеќе од три децении, ќе се реконструира Заводот за рехабилитација во Отешево

Заводот за превенција, лекување и рехабилитација на хронични респираторни, неспецифични и алергиски заболувања во Отешево е основан во 1980 година и претставува единс­тве­ната здрав­стве­на уста­но­ва за ре­ха­би­ли­та­ци­ја на рес­пи­ра­то­рен систем во Ма­ке­до­ни­ја. Заводот располага со 72 легла и на пациентите им овозможува фи­зи­ка­лен трет­ман, ки­не­зи­те­ра­пи­ја, веж­би за ди­ше­ње, дре­на­жи, кон­ди­ци­ски веж­би, ин­ха­ла­ции и дру­ги ме­то­ди според највисоките стандарди кои им ја по­до­бру­ва­ат нивната здравствена состојба.

Локацијата на Заводот во Отешево ан западниот брег на Преспанското Езеро не е случајност, туку е внимателен избор на сред­на над­мор­ска ви­со­чи­на, бла­го­при­јат­на кли­ма со сту­де­ни ле­та и бла­ги зи­ми, без го­ле­ми ва­ри­ја­ции во тем­пе­ра­ту­ра­та и без ни­ка­кви ае­ро­за­га­ду­ва­чи во близина. Тоа е место на кое ве­тро­вите од Ја­дран­ското, Јон­ското, Сре­до­зем­ното Мо­ре и од кон­ти­нен­та­лениот дел се судираат и токму овој судир на ветрови резултира со специфична клима која делува благопријатно врз дишните патишта и помага во лекувањето и рехабилитацијата од белодробните заболувања и алергии.

На последната седница на Владата на Република Македонија беше најавено дека ќе бидат реновирани капацитетите на Заводот за рехабилитација во Отешево и набавена нова медицинска опрема која ќе биде од корист на пациентите со респираторни, неспецифични и алергиски заболувања.

Се очекува и посета на министерот за здравство на Република Македонија д-р Венко Филипче за одблиску да се запознае со работењето на Заводот за превенција, лекување и рехабилитација на хронични респираторни, неспецифични и алергиски заболувања во Отешево, што ќе значи прв чекор во веќе усвоениот Акциски план за реконструкција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online