Најново
Home » Најнови вести » По средбата на премиерите Заев и Ципрас, на повидок отворање на граничниот премин Маркова Нога?

По средбата на премиерите Заев и Ципрас, на повидок отворање на граничниот премин Маркова Нога?

Отворањето на граничниот премин Маркова Нога помеѓу Република Македонија и Република Грција, идеја која што е присутна повеќе децении, деновиве повторно беше актуализирана на средбата помеѓу македонскиот премиер Зоран Заев и грчкиот премиер Алексис Ципрас во Давос, Швајцарија, каде што учествуваа на годинешниот Светски Eкономски Форум.

Во оваа насока беше и недамнешната посета на градоначалникот на Општина Ресен д-р Живко Гошаревски на Општина Преспа во соседна Грција, каде што се сретна и разгвараше на оваа тема со неговиот колега Панајотис Пасхалидис.

Со отворањето на граничниот премин Маркова Нога, ќе се воспостават и унапредат конкретни видови на соработка помеѓу граѓаните од двете страни на границата, со што ќе се овозможи развојот на регионот Преспа да ги унапреди своите туристички, економски и трговски потенцијали.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online