Најново
Home » Живот » Пред Божиќ, зад Божиќ, каде и да си – дома да си

Пред Божиќ, зад Божиќ, каде и да си – дома да си

Божиќ, односно денот на Христовото раѓање и Бадник, денот што му претходи на Божиќ, отсекогаш биле празнувани со големо внимание од страна на народот. Обичаите што се изведуваат на овие денови претставуваат остатоци од минатото, пренесувани од колено на колено. Божиќните и Бадниковите обичаи, иако во некои детали се разликуваат од регион до регион, сепак во основата имаат неколку заеднички елементи, како што се богатата софра, што се подготвува на Бадник навечер, потоа коледниот оган заедно со дрвото бадник, како и коледицата проследена со многу коледарски песни.

Коледниот оган и горењето на дрвото наречено бадник е еден од највпечатливите обичаи што се изведуваат за време на празниците. Во некои краишта дрвото што се гори е дабово, во други тоа е смрека, а некаде се гори и дива круша, зашто се сметало дека таа е најродна т.е. раѓа секоја година. Во врска со симболиката на коледарскиот оган во науката постојат повеќе теории, од кои најзастапени се оние поврзани со сонцето, односно дека симболично му се помага на сонцето да се избори против темнината во периодот од годината кога тоа е “најслабо”.

badnik10

Друг значаен бадников обичај е коледницита според кој група на деца палат оган, пеат пригодни песни и одат од куќа во куќа каде што добиваат подароци како што се пари, ореви, костени, јаболка и сл. Една од најзастапените коледарски песни е “Коледе леде”.

Обичаите и песните што се изведуваат и пеат на Божик, всушност претставуваат продолжение на претходните обичаи и песни поврзани со Бадник. Сепак, во однос на претходните коледарски песни, оние што се пеат на Божиќ имаат повеќе елементи од христијанската религија. Во народните песни раѓањето на Исус е проследено со вечна светлина со константен интензитет, оган кој ниту ветерот го сили, ниту дождот го гасне.

Со Божиќ започнува периодот од 12 денови т.н. некрстени или погани, а некои ги викаат и ристосови денови, што траат до Водици, период исполнет со многу активности на негативните сили и религиозен страв.

Со празниците е поврзана и поговорката  “Пред Божиќ, зад Божиќ, каде и да си – дома да си” што укажува дека за време на големиот празник треба да се биде во кругот на најблиските и тука да се прослави радосната вест за раѓањето на Спасителот, а верниците се поздравуваат со зборовите “Христос се роди – нависитина се роди”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online