Најново
Home » Живот » Преспа се подготвува за берба на јаболката

Преспа се подготвува за берба на јаболката

Според земјоделските стручњаци, овогодишниот род на јаболката во Преспа ќе биде значително помал од претходните години, како резултат на временските непогоди што подрачјето на Преспа го зафатија во неколку наврати, вклучувајќи ги и оние од пред неколку дена кога градот во одделни реони од Преспа го “дотолчи” јаболковиот род. Но, што е тука е – и тоа што е, треба да се прибери. Официјалниот почеток на бербата на јаболка е кон крајот на месецов, а јаболкопроизводителите ги прават последните подготовки. Оние кои што имаат т.н. летни сорти на јаболка, бербата веќе ја започнаа.

Од вкупниот овогодишен род на јаболката, се очекува 30% да биде конзумно јаболко, односно од прва класа, а останатите ќе отпаѓаат на јаболка од втора и трета класа (индустриско јаболко). Во зависност од квалитетот и сортата на јаболката откупната цена се движи од 15 до 22 денари по килограм, додека пак индустриските јаболка се откупуваат по цена од 5 денари по килограм со можност за дополнителни 2 денари од субвенционирање.

Техничко-технолошки најопремениот производствен капацитет за преработка на овошје и зеленчук во Преспа, компанијата Вита Рес, веќе отпочна со откуп и преработка на индустриско јаболко.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online