Најново
Home » Живот » Продолжува да опаѓа нивото на Преспанско Езеро

Продолжува да опаѓа нивото на Преспанско Езеро

Кога пред неколку месеци нивото на водата на Охридското Езеро катадневно опаѓаше, се крена голема медиумска врева, како да е преполовено. Локалните власти побараа да се превземат низа мерки, од затворањето на испустот кон Црн Дрим, па до редефинирање на договорот со соседна Албанија за користење на водите од езерото.

Но, само на триесетина километри од Охридското, се наоѓа Преспанско Езеро, кое деновиве се “празни” се’ повеќе и повеќе, но на тоа како никој да не обраќа внимание.

Почнувајќи од 1978 година па наваму, водата на Преспанско Езеро опадна за 6-7 метри во висина. Поради конфигурацијата на теренот, намалувањето на водите на езерото е помалку видливо на југозападниот брег, меѓутоа, на источната страна, тоа деновиве е очигледно.

Некои велат дека причината за ваквата варијација на нивото на водата е глобалното затоплување, сушата, осцилациите на нивото на годишни врнежи итн. Други пак велат дека водата понира преку Галичица. Ни едните, ни другите немаат вистински докази за своите тврдења, а езерото продолжува да се намалува. Некои од овие претпоставки наводно ги потврдиле стручњаци на НАТО, кои со длабинско снимање, во утробата на Галичица, откриле големо подземно езеро. Оттаму и тврдењата дека Биљанините извори во подножјето на Галичица од Охридска страна се токму од Преспанско Езеро, кое е на повисока надморска височина.

Дилеми повеќе, но очигледно е дека се потребни стручни согледувања и изнаоѓање решенија за спречување на намалувањето на водата во езерото. Нешто што е потребно во овој момент е да се иницира заживувањето на проектот на Европската Унија за комплетна заштита на Преспанско Езеро, чии води ги делат Македонија, Албанија и Грција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online