Најново
Home » Најнови вести » Првични резултати од предвремените парламентарни избори 2016

Првични резултати од предвремените парламентарни избори 2016

На предвремените парламентарни избори што се одржаа на 11 декември, ВМРО –ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, со освоени 454 253 гласа, обезбедија 51 пратеничко место во Собранието, додека опозициската СДСМ и Коалицијата за подобар живот во Македонија кои освоија 436 790 гласа, имаат 49 пратенички места, соопшти синоќа Државната изборна комисија. Од политичките партии од албанскиот блок најмногу пратенички места обезбеди ДУИ, односно 10 мандати, потоа движењето БЕСА, кое има 5 пратенички мандати, Алијансата за Албанците освои 3 мандати – а ДПА 2 мандати.

Симулација на добиени мандати во Собранието на Република Македонија

Симулација на освоени мандати во Собранието на Република Македонија

Од обработените 99,97 проценти од избирачките места, податоците според изборни единици се следни:

ИЕ 1 – ВМРО – ДПМНЕ освои 8 мандати, СДСМ – 10 мандати, БЕСА – 1 мандат и ДУИ – 1 мандат;

ИЕ 2 – ВМРО – ДПМНЕ освои 9 мандати, СДСМ – 8 мандати, БЕСА – 1 мандат и ДУИ – 2 мандати;

ИЕ 3 – ВМРО – ДПМНЕ освои 11 мандати, а СДСМ – 9  мандати;

ИЕ 4 – ВМРО – ДПМНЕ освои 10 мандати и СДСМ – 10 мандати;

ИЕ 5 – ВМРО – ДПМНЕ освои 9 мандати, СДСМ – 9 мандати, ДУИ – 1 и Алијанса на Албанците – 1 мандат;

ИЕ 6 – ВМРО – ДПМНЕ освои 4 мандати, СДСМ – 3 мандати, БЕСА – 3 мандати, Алијанса на Албанците – 2 мандати, ДУИ – 6 мандати и ДПА – 2 мандати

Во Собранието на Република Македонија нема да има претставник од седмата изборна единица, односно од дијаспората.

Партиите имаат можност во рок од 48 часа да поднесат приговори до ДИК, а Комисијата во рок од 48 часа треба да одговори на пријавите. Откако ќе добијат одговор од ДИК, партиите, односно поднесувачите на приговори кои не се задоволни од одлуката на ДИК можат да поднесат тужба до Управниот суд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online