Најново
Home » Живот » Ресен одбележува годишнина од своето ослободување

Ресен одбележува годишнина од своето ослободување

По повод 73 годишнината од ослободувањето на Ресен и Преспа, на 11 септември во Големата сала на Општинската зграда, Советот на Општина Ресен во присуство на поголем број граѓани од Општинава, како и на други поканети гости, ќе одржи свечена седница, на која се очекува Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски да поднесе реферат по повод годишнината од ослободувањето на Ресен и Преспа и 26 годишнината од независноста на Република Македонија.

resen11121

Делегации на Советот на Општина Ресен ќе положат свежо цвеќе на спомен обележјата на паднатите борци, учесници во народноослободителната војна. Да не се заборави: само во народноослободителната војна  македонскиот народ даде 75 илијади жртви, меѓу нив и 128 преспанци, голем број жители страдаа во разно-разни терори. Бројки кои говорат сами за себе. И во овие денови неможеме а да не се потсетиме на сите оние вистински патриоти кои ги положија своите животи за она кое го имаме денес – слободна и независна Македонија.

Без оглед на моменталните односи и движења кај нас, овој ден и натаму ќе ја симболизира борбата за слобода, непречен развој и достоинтво на човекот. Не смееме да ги потцениме ниту оние остварувања што во изминативе 71 годинa ги постигнаа граѓаните на Преспа, барем не оние кои ги сметаме за значајни и претставуваат основа за нашите натамошни перспективи.

А, овој 71-ви “роденден”, граѓаните на Ресен и Преспа го дочекуваат со новоизградени инфраструктурни објекти: згради, патишта, тротоари, реконструирани училишта, спортски објекти итн…

Честит 11 септември – ден на Ресен и Преспа !

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online