Најново
Home » Колумни » Ресен спомнат во Библијата!

Ресен спомнат во Библијата!

Откако низ светот се рашири веста дека Елон Маск и компанијата “Тесла” испратија автомобил во вселената кој сега “вози” околу Земјата и снимајќи уште еднаш покажа дека таа е кружна, доближувајќи се еден чекор поблиску до крајната цел од сонот на 20,9 милијарди долари “лесниот” Маск за човечка колонизација на Марс, време и е ние како Ресенчани да размислуваме во насока на вселенската иднина и да разгледаме која ќе биде нашата улога и задача во населувањето на “Црвената Планета”.

Добро е што и не треба многу умствено да се напрегаме, бидејќи добрите луѓе од НАСА веќе одредија место за нас, и тоа во 2011 година, доделувајќи ни цел кратер кој има дури 2,7 пати поголем дијаметар од нашиот сегашен град!

Кратерот, кој го носи библиското име Ресен*, се наоѓа во поширок простор од Марс именуван по Тиренското Море, поточно на 28.22 степени јужна географска ширина и 251.13 степени западна географска должина. Според анализите на научниците, ќе имаме вода кој ќе треба да ја топиме, а околу кратерот ќе имаме и корисни минерални суровини кои ќе ни помогнат во развојот на градот.

Драги сограѓани, иднината е блиску! Подгответе ги вашите скафандери, разбудете го духот на Нил Армстронг во вас (или Јури Гагарин, зависи за кој “навивате”) и да тргнеме на Марс – по јаболки! (Се’ е средено, уште да се договориме дали вселенската програма ќе ја крстиме по Цар Самоил или по Нијази Бег, или по Христо Татарчев или по Цветко Узуновски – или едноставно ПРЕСПА).

…или ќе копаме биткоини.

*Ова “библиско” е најсериозно, бидејќи град со име Ресен е спомнат во Библијата, поточно во Постанок 10:11, изграден од кралот Нимрод.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online