Најново
Home » Живот » Ресенчани се’ повеќе го користат “дијазепамот”

Ресенчани се’ повеќе го користат “дијазепамот”

Депресијата е во пораст како последица на животните околности, покажаа последните истражувања, а на таа листа Ресенчани го заземаат второто место во државата. Тоа беше повод екипата на ПреспаИнфо, на оваа тема да поразговара со д-р Ромео Икономовски, специјалист по невропсихијатрија, човекот кој веќе низа години професионално, стручно и посветено се грижи за здравјето на Ресенчани.

romeo ikonomovski

Д-р Ромео Икономовски, специјалист по невропсихијатрија

“Времето во кое живееме, пред се’ социјално економските состојби, го зголемија бројот на граѓани кои го користат “дијазепамот”. Несигурност, губењето на работното место, а за нас Преспанци посебно проблемите со производството и пласманот на јаболката, е нешто што јас се’ почесто го приметувам кај пациентите”, истакнува на почетокот од разговорот д-р Икономовски. “Тука сигурно спаѓаат и други семејни проблеми, здравствени, економски, итн… за што јас лично не можам да им помогнам и да им го средам животот, но, морам да им помогнам што побргу да ги надминат непријатните психички состојби.”

Депресивноста, денес, како да влегува во сите опшествени сфери, ги напаѓа и оние посиромашните, но и оние со подобар економски социјален статус, како што вели д-р Икономовски дека: “Луѓето сакаат да држат под контрола се’ и по секоја цена, па поради тоа си создаваат имагинарна сигурност, која не допринесува за ништо, туку ги зголемува проблемите. Брзиот начин на живот и постојано трчање по успех ги зголемуваат проблемите на денешницата.”

“Aко сакаме живот со радост и задоволства, мора да живееме во согласност со своите можности,” заклучува Икономовски.

‘Рѓата на вредносниот систем се’ повеќе ја нагризува човековата личност. Дерегулацијата го обесхрабрува човека, го прави се’ послаб, а потрошувачкото опшество е спирала на страв, депресија, недостаток на самопочит, едноставно го прави животот макотрпен, покомплициран, хаотичен. И додека се пропагира еуфорија за благосостојба, секој има помалку или повеќе чувство дека не ја постигнал целта на својот живот.

Еден чекор напред, еден чекор назад. Желбите и можностите се во расчекор. Секогаш сакаме повеќе задоволства, повеќе патувања, шопинг, летен одмор… што секако го продолжуваат животниот век, но тоа сепак на поширок план не ни ги отвора вратите на убавиот живот. Живејте го животот само на свој својствен начин.

Се’ со мера и спознајте се себе си!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online