Најново
Home » Култура » Ресенската староградска архитектура плени со своите неокласицистички елементи

Ресенската староградска архитектура плени со своите неокласицистички елементи

Старите ресенски градби, со сите свои тераси, столбови, пиластери и фризови го материјализираат духот на Ресен, духот на градот кој од голем број на патеписци е опишан како еден од најбогатите во Македонија, град од каде што произлегле голем број на лекари, трговци, генерали и државници кои својата моќ и богатство ја покажувале преку овие градби, имитирајќи ги куќите и палатите во големите европски градови како Виена, Берлин, Париз… Но, за жал, голем дел од овие градби се оставени сами на себе и пополека ги нагризува забот на времето. Сепак, да се надеваме дека ова културно богатство ќе биде заштитено и уште долги години ќе го чува духот на градот.

IMG_20131214_113703

IMG_20131214_113820

IMG_20131214_113927

resen arhitektura 11111111

IMG_20131214_121952

IMG_20131214_113410

IMG_20131214_115648

На главната артерија на Ресен, сегашната улица “29 Ноември”, низ која во минатото минувале цареви, војски и претседатели, улица на која се наоѓаат(ле)и куќите на најбогатите ресенски фамилии сеуште пленат со своите убавини.

IMG_20131214_111011

IMG_20131214_111817

Најпознатиот и најрепрезентативен објект во Ресен и едно од најубавите неокласицистички зданија во Македонија – Сарајот на Нијази Бег, граден во периодот од 1904 до 1912 година. Сарајот е висок 25 метри и има 4800 квадратни метри внатрешен простор. За темелите на оваа градба биле ползувани дабови греди од Пречна Планина што жителите на село Коњско со чунови ги носеле до Сирхан, а мермерот што е вграден во Сарајот е носен од локалитетот Плочине кај село Болно.

IMG_20131214_111922

IMG_20131214_112253

IMG_20131214_112105

Одделете дел од своето време да ги погледните овие градби, да го почуствувате духот на Ресен, а зошто да не го надополните и со своите доживувања. Да се надеваме дека сите заедно ќе успееме да го заштитиме нашето архитектонско богатство и да ги одржиме сеќавањата кое тоа со себе ги носи, да потсетиме дека Ресен не е само град на јаболкото, тој е и град на интелегенцијата, на мајсторите на своите занаети, инжинери, професори, лекари, адвокати, економисти, научни и културни дејци, спортисти…

Повеќе на оваа тема на следниот линк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online