Најново
Home » Колумни » Ривалство поради идеја или власт?

Ривалство поради идеја или власт?

go-left-or-right

Последните случувања на политичката сцена во Македонија повторно ја наметна дилемата: Дали постои политичка десница и левица кај нас? Разграничувањето меѓу политичка левица и десница е еден од класичните критериуми за класификација на политичките партии и на политичарите како левичари и десничари. Но, класика како класика, би се рекло ! Како и со многу други елементи на класиката, општо, така и со овој изгледа дека е прегазен од времето. Особено од ова наше, за жал, се’ уште транзициско време. Расправата,  за тоа што кај нас е лево, а што десно, како да е одамна затворено. Или можеби е поточно да се рече: одамна отсутна, бидејќи таа всушност никогаш и не била сериозно отворена. Транзицијата ги измеша картите и ова традиционално политичко разграничување како да ги загуби смислата и значењето. Но, ете, деновиве повторно слушаме колку таа етикета – лево или десно – сепак им била важна и на некои политичари.

Заради историската важност на разграничувањето меѓу левицата и десницата не смее да се дозволи нејзино уништување, како што во функција на дневно политичките борби беа оттапени многу универзални идеи, на пример, за државата и државната власт како јавно добро, а не како приватна сопственост на партиите, за човековите права и слободи, за граѓанственоста, за мултикултурализмот итн. Овие идеи кога ќе излезат од устите на некои наши политичари звучат провинциски за ситно-сопственички интереси. Прашањето која партија е десница, а која левица, барем кај нас, во принцип нема никаква идеолошка основа. Наместо тоа повеќето партии се сведуваат на чисто интересовни групи.

Разграничувањето меѓу десницата и левицата е една од тие големи идеи на модерната полтика. Од нејзиното промовирање – до денес постојано функционира како една од главните идеолошки матрица за ориентација во политичкиот простор. Но, според она што на политички план се случува сега, се чини дека ривалството меѓу нив е поради власта, а не поради идејата. Елементарната пристојност на политичките елити (доколку ја имаат) не им дозволува отворено да признаат дека власта се бара заради неа самата. Но, во практика, граѓаните тоа многу лесно го препознаваат. Валканите политички намери не смее и не треба  да се затскриваат зад страсното искажување за преданоста кон јавното добро.

Повеќе не смее да важи она “трчај по на овенот м******а”…

startot oznacen ovni

…мора и треба да се вреднува само трудот и знаењето !

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online