Најново
Home » Живот » Се одбележува Стара Нова Година, утре е Василица

Се одбележува Стара Нова Година, утре е Василица

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечерва се дочекува Новата Година, во народот позната уште како и Стара Нова Година.  Во секое маало граѓаните со големи огнови, кои се симбол на божествената светлина, ги прогонуваат лошите сили и ја испраќаат старата година, дочекувајќи ја новата, и се’ тоа проследено со песната:

„Сурова, сурова година
голем клас на нива,
голем грозд на лоза
жолт мамул на леса,
живо здраво до година.
до година до амина!“

Утре во рамки на семејството се крши печиво со паричка. Секој во семејството добива по едно парче, а оној кој ќе ја добие паричката, се верува дека ќе го следи среќа и бериќет во текот на целата година. Во Преспа, по традиција, покрај во семејството, печиво со паричка се врти и во секој работен колектив.

Утрешниот ден е познат како Василица, посветен на Свети Василиј Велики, како и Обрезание Господово, посветен на обрезанието на Исус Христос. Василица кај нас се слави во сите православни храмови, многу семејства ја преземаат и како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј го слават својот именден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online