Најново
Home » Живот » Снегот ја остави Преспа без електрична енергија

Снегот ја остави Преспа без електрична енергија

Синоќешните врнежи на снег, покрај проблемите кои ги предизвикаа во сообраќајот, Преспа ја оставија и без напојување со електрична енергија. Уште од раните утрински часови, па се’ до попладневните, Ресен и околните села останаа без струја. Училиштата во градот работеа со скратено време, како и повеќе други институции, банки и трговски објекти.

Патиштата низ Ресен се проодни, но тротоарите се се’ уште неисчистени, како и попречните улички низ градот. Граѓаните и корисниците на трговските објекти низ градот како да заборавија на своите обрвски дека секој пред својот праг треба да го исчисти снегот. Да се надеваме дека во текот на утрешниот ден, на оваа обврска, граѓаните ќе бидат потсетени и помогнати од надлежните служби.

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, вечерва се очекуваат температури под нулата, што дополнително ќе го отежни патниот сообраќај. Оттаму и апелот за повнимателно управување со возилата и прилагодување според условите на патот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online