Најново
Home » Бизнис » Со иновативни технологии до конкурентно земјоделство

Со иновативни технологии до конкурентно земјоделство

Примената на иновативните технологии, комјутерите, електронските системи и дигиталните платформи е основа за современо, конкурентно земјоделство, порачаа учесниците на конференцијата на информатичарите и земјоделците „ИКТ во агробизнисот”.

ikt-konferencija2015

Со точна и навремена информација земјоделците ќе знаат да повлечат правилни потези и да се адаптираат на пазарот.

-Конечно треба да сфатиме дека земјоделството е гранка на иднината и дека без ИКТ не може да се добие квалитетно производство, истакнаа од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

ИКТ во земјоделството ќе го врати интересот на младите за оваа дејност, ќе поттикне отворање нови работни места и ќе овозможи поефикасно искористување на средствата од европските фондови.

-Изборот на ИКТ во земјоделството нема граници. Безжичните технологии за подобра комуникација, поставувањето сензори во почвата за следење на нејзината состојба, дроновите за снимање на обработливите површини, автоматизираното млекопроизводство, стекнувањето знаења он-лаин, електронскиот маркетинг и продажба,…, се само некои од можните решенија. Владата го поддржува процесот на нивното имплементирање, а една од можностите е и Фондот за иновации, изјави министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска на конференцијата.

На конференцијата свое учество зеде и Претседателот на Управниот одбор на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) Стефан Плавјански кој се осврна на т.н. е-земјоделство кое, како што нагласи, е релативно нов термин, а подразбира развој, евалуација и спроведување иновативни начини за користење ИКТ во руралните средини со фокус на земјоделството.

stefan plavjanski ikt konferencija

Стефан Плавјански, Претседател на Управниот одбор на МАСИТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online