Најново
Home » Бизнис » Спонзорството – како ПР алатка скромно прифатено и од локалните компании во Преспа

Спонзорството – како ПР алатка скромно прифатено и од локалните компании во Преспа

Спонзорството, разгледувано од аспект на ПР алатка, спаѓа во еден од поновите облици кои им стојат на располагање на компаниите за комуницирање со определена целна група до која е тешко да се допре со вообичаените маркетиншки методи.

Убава дефиниција на спонзорството би била дека тоа МОРА да донесува корист и за спознорот и за спонзорираниот.

Работа бр.1 што треба да ни биде јасна секогаш е дека – АЛТРУИЗАМ во спонзорството НЕ ПОСТОИ и затоа многу е важно да со план се истакне веројатната добивка за спонзорот кој вложува пари.

Иако спонзорството се смета како дел од маркетинг миксот, тоа сепак директно влијае и на вкупниот компаниски имиџ и затоа мора да биде вклучено и во политиките за односи со јавноста.

Спонзорствата во областите спорт и уметност се секако највоочливи, но генерално се разликуваат 7 различни типови на спонзорства за кои во оваа прилика би сакале да ги потсетиме и локалните, ресенски, претприемачи и менаџери:

1. Образование. Во оваа група определени видови на помош се во : стипендии, поддршка на надарени и одлични ученици и студенти, истражувачки проекти итн…

lugje

2.Уметност и култура. Се спонзорираат театарски манифестации(“Актерот на Европа“) , класични,рок и поп концерти, изложби и промоции (Најчесто тоа во Ресен го прави Домот на културата)

3.Спорт. Најпопуларни спортови за спонзорирање се фудбал, кошарка,ракомет, мото трки и др.Кај нас во Преспа во моментов најповеќе се инвестира во фудбалот (ФК Преспа, ФК Младост) и помалкустрамежливо во ракометот (РК Преспа)….

4.Добротворни установи. Што се однесува до овај вид на помош. таа воглавно е анонимна, но во некои случаеви балгодарниците се искажуваат и јавно !

5.Стручни награди. Овие се оние спонзорства кои се доделуваат за разноврсни достигнувања во поединечни професии, уметнички или општествени дејности. Кај нас во Ресен за жал ваквите спонзорства како да отсуствуваат.

6.Експедиции. Спонзорствата од овој тип се оние кои им се овозможуваат на определени истражувачки, планинарски, археолошки и многу други, поголеми или помали експедиции.

7.Други видови спонзорство. Постојат и други видови на спонзорства заради поддршка на локалната економија. Со него се опфатени спонзорствата на локални фестивали, карневали, манифестации( Јаболкобер…) изложби по определени поводи и многу многу други слични локални случувања.

Запаметете – Спонзорството е ПР алатка која можете многу паметно да ја искористите за подобрувањето на вашиот имиџ.Затоа, секогаш трезвено расудувајте и гледајте од комерцијален акпект кога ќе ви понудат или ќе посакате да спонзорирате.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online