Најново
Home » Живот » Студенти од Италија по трагите на Via Egnatia во Ресен

Студенти од Италија по трагите на Via Egnatia во Ресен

italijanska eksepdicija via egnatia

Група од околу 40 студенти и нивни професори од Università Iuav di Venezia од Венеција, Италија, вчера и денес престојуваа во Ресен како дел од нивната истражувачка експeдиција за древниот римски пат Via Egnatia, кој минувал и низ територијата на Преспа. Стартот на нивната експедиција беше на 16 август од Венеција, па преку Тирана, Драч, Елбасан, Охрид, стигнаа во Ресен, од каде продолжуваат кон Битола.

Експедицијата во Ресен беше пречекана и поздравена од Градоначалникот на Општина Ресен м-р Ѓоко Стрезовски, а Игор Ефтимовски, студент по археологија на Филозофскиот Факултет – Скопје, одржа кратка презентација со која ги запозна членовите на експедицијата за значењето и минувањето на Егнатискиот пат низ Преспа и неговото влијание врз развојот на преспанските населби од античко до модерно време.

prezentacija za via egnatia 4

prezentacija za via egnatia 1

– “Урбаниот развој на Преспа, односно патните правци и распоредот на населби, и во денешно време, и во последните 2 милениуми, е директно условен од патот Via Egnatia, кој пак, од друга страна, претставувал главната Балканска патна артерија на Римската Империја”, подвлече, меѓу другото, Ефтимовски.

prezentacija za via egnatia 2

Професорот Леонардо Марота истакна дека со оглед на големото историско значење на Егнатискиот пат, тој треба да биде ревитализиран и употребен како дел од туристичката промоција на регионот и ја понуди својата помош при реализацијата на оваа идеја.

Проектот за целосно поминување на древниот пат ќе трае пет години, и има за цел запознавање со неговото значење и влијание врз урбанизацијата на регионите низ кој минувал.

prezentacija za via egnatia 5

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online