Најново
Home » Бизнис » Swisslion Агроплод инвестира 200 илјади евра во нова опрема за екструдирани производи

Swisslion Агроплод инвестира 200 илјади евра во нова опрема за екструдирани производи

Swisslion Агроплод  од  Ресен, која е членка на групацијата Swisslion и која делува на подрачјето на поранешните југословенски републики, над  65% од производството го извезува во странство (вклучувајќи ги Словенија, Унгарија, Романија, Шведска, САД, Австралија).

Како што не’ формираше менаџментот на компанијата при посетата на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, компанијата се здоби и со Халал стандардот и се очекува освојување и на пазарите на земјите од Блиски Исток. Во 2014 год. компанијата оствари вкупни приходи од 658.433.140,00 денари (10.7 милиони САД $) и нето добивка 45.552.553,00 денари (0.7 милиони САД $).

Olgica Stojcevska swisslion

– Сосема ни е јасно дека за успехот на компанијата најважен е извозот.Затоа сме во перманентно инвестирање. Моментално вложуваме 200 илјади евра во опрема од Германија за екструдирани производи – солена и слатка варијанта. Новите производи ќе се придружат на палетата на 200 кои излегуваат од нашите   погоните. Инвестициите компанијата ги реализира исклучиво со сопствени средства – истакна Олгица Стојчевска, управител на  Swisslion Агроплод.

Таа воедно порачува дека за успехот на една компанија многу важна е тимската работа, а за Swisslion Агроплод голема среќа е што има победничка деловна екипа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online