Најново
Home » Најнови вести » Викендов почнува новата натпреварувачка сезона во Третата Македонска Фудбалска Лига

Викендов почнува новата натпреварувачка сезона во Третата Македонска Фудбалска Лига

Овој викенд стартува новата натпреварувачка 2015-2016 сезона во Третата Македонска Фудбалска Лига, во која, покрај ФК Преспа, нашата општина ќе има уште еден претставник – ФК Лирија од Грнчари.

fk prespa

‘Сино-белите’ од Ресен уште сабота го започнуваат својот фудбалски поход. Во дербито на колото, ФК Преспа гостува во Струга каде ќе се соочи со екипата на ФК Караорман. Натпреварот е со почеток во 17 часот.

Грнчарци своето третолигашко деби ќе го имаат недела во 17 часот, кога на домашен терен ја пречекуваат екипата на ФК Кравари.

Преспанчани ќе имаат можност да гледаат локално дерби веќе следниот викенд, кога во Ресен ФК Преспа ќе биде домаќин на ФК Лирија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online