Најново
Home » Најнови вести » Во четврток стартува новата фудбалска сезона во 3 МФЛ, Преспа го пречекува тимот на Влазними

Во четврток стартува новата фудбалска сезона во 3 МФЛ, Преспа го пречекува тимот на Влазними

fudbal 31

Во четврток, 8 септември, започнува новата фудбалска сезона 2016/2017 во Третата Македонска Фудбалска Лига – Југозапад, во која ќе се натпреваруваат две екипи од нашата општина – ФК Преспа од Ресен и ФК Лирија од Грнчари.

Во првото коло, ресенската гордост ФК Преспа на домашен терен на Градскиот стадион во Ресен ја пречекува екипата на ФК Влазними од Струга, додека пак екипата на ФК Лирија-Грнчари ќе биде домаќин на ФК Велешта. Почетокот на натпреварите е закажан за 16 часот.

А, веќе во недела, 11 септември, се игра второто коло од 3 МФЛ – Југозапад во кое Преспа ќе гостува во Охрид кај ГФК Охрид – Лихнидос, a Грнчарци ќе гостуваат во Лабуништа.

Да потсетиме дека во четврток, во Прилеп, се игра и ракометниот бараж натпревар за влез во Супер Лигата помеѓу екипите на РК Преспа – Ресен и РК Металург 2 – Скопје. За овој натпревар организиран е и бесплатен превоз за навивачи од Ресен. Тргнувањето е во 16 часот од пред ресторан ‘Вито’, а натпреварот ќе започне во 18:30 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online