Најново
Home » Бизнис » Во најскоро време ќе започне изградбата на откупно дистрибутивниот центар за јаболка во Ресен

Во најскоро време ќе започне изградбата на откупно дистрибутивниот центар за јаболка во Ресен

Според информациите од вчерашната средба помеѓу Градоначалникот на Општина Ресен М-р Ѓоко Стрезовски и претставниците на дубајската компанија Епл Ленд, заклучено е дека сите потребни административно-технички подготовки се комплетирани и наредните денови и официјално се очекува да започне изградбата на откупно дистрибутивен центар и ладилник за јаболка во месноста Макази.

Овој центар ќе откупува околу 10 000 тони на јаболка кои ќе се пласираат на пазарите на Блискиот Исток, а компанијата напоредно ќе развива и сопствен овоштарник на 60 хектари. Инвестицијата ќе изнесува околу 5 милиони евра , а се очекува да бидат вработени и над 100 лица.

Оваа инвестиција со олеснување е примена од страна на преспанските производители на јаболка, кои мака мачат со пласманот на производството од минатогодишната реколта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online