Најново
Home » Живот » Водата од селските водоводи во Крани и Арвати неисправна за пиење

Водата од селските водоводи во Крани и Арвати неисправна за пиење

Според информации од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, дваесетина лица од долнопреспанските населби Крани и Арвати побарале лекарска помош поради дијареа, повраќање и болки во стомакот.

с. Арвати

По увидот на терен од страна на стручните екипи на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Центарот за јавно здравје Битола и Агенцијата за храна, било утврдено дека причина за предизвиканите симптоми кај граѓаните од Арвати и Крани е неисправната вода за пиење од селскиот водовод.

Во следниот период ќе бидат спроведени и дополнителни анализи со кои ќе се следи исправноста на водата за пиење, а ќе се пристапи и кон поредовно хлорирање на истата.

Што се однесува до водата од градскиот водовод Крушје-Сирхан, таа е исправна и може слободно да се употребува за пиење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online