Најново
Home » Живот » Време е Преспа да ја раскаже својата археолошка приказна

Време е Преспа да ја раскаже својата археолошка приказна

Igor11

Пишува: Игор Ефтимовски

На доминантен рид над западниот брег на Преспанското Езеро, веднаш над викенд-населбата Сирхан, помеѓу фојините сенки, се издига моќното Шурленско Кале, утврдена населба од доцноантичкиот и раносредновековен период, период на славните Јустинијан, Св. Климент и Наум, Самоил. Населбата се простира на плато од околу 5 хектари (за споредба, средновековен Охрид имал површина од околу 8 хектари), а заштитена била со бедем широк околу 1 метар, на места зачуван и до висина од скоро 2 метри, зајакнат со кули, додека пак на јужната страна може да се препознаат три различни ѕидани одбранбени појаси. А, погледот… погледот остава без здив! Кој ја контролирал оваа тврдина, на дланка ја имал цела Преспа.

Surlensko kale 2

Поглед кон Преспа од Шурленско кале

Surlensko kale 1

Остатоци од одбранбени структури на Шурленско Кале

surlensko kale pogled na prespa 2

Преспа на дланка

Кога ќе го видите ова, неможете а да не се запрашате: Што друго крие нашата Преспа во својата утроба? Какви се’ археолошки и историски тајни чекаат да бидат откриени?

Тука била римската населба Скритијана, тука е најсветиот остров на Балканот, тука била престолнината на Самоил, тука било седиштето на првата македонска Патријаршија, тука е местото каде што твореле претходниците на ренесансата, тука се удрени темелите на македонската Раволуција, тука е и ‘македонскиот Версај’ – Сарајот кој чека во себе да ги прими најважните археолошки, историски и етнолошки предмети од овој крај и пред светот да ја раскаже приказната за Преспа. Нели е време таа приказна да биде раскажана?

saraj resen 112

Ресенскиот Сарај

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online