Најново
Home » Живот » За чиста и здрава Преспа

За чиста и здрава Преспа

Оддржувањето на динамична рамнотежа во природата и општествената средина е еден од основните услови за понатамошна наша егзистенција. Последниве години еколошките сотојби во Преспа се третираат пралелно со економските и социјалните, согласно принципите за одржлив развој.

Фактичката состојба во која се наоѓа животната средина во нашата Општина, очевидно и недвосмислено укажува на потребата за посоодветна заштита и третман на истата. Иницијативите што на овој план се превземаа во изминатиов период се само добра инспирација за да се продолжи во насока за утврдување на мерките за заштита и унапредување на животната средина. Да се изостри одговорноста и координираноста на активностите од институциите инволвирани во заштитата и унапредувањето на животната средина (локална самоуправа, комунални инспекциски служби, јавно комунално претпријатие итн.), како и да се бараат мерки со кои истовремено се решаваат неколку проблеми и се одбегнува нивно префрлање од една еколошка средина во друга. При тоа, приоритет да се дава на оние мерки кои со мали трошоци потикнуваат поголеми резултати.

Еве неколку позитивни илустрирани примери:

IMG_20140703_183008

Центарот на Ресен

Manastir Kurbinovo 2

Манастир Св. Ѓорѓи – Курбиново

10338330_10152140140337304_4235777837997931697_n

Детски парк на улица Ленинова

IMG_20131214_113445

Реновирана староградска куќа

P1010625

Св. Петар и Павле – Подмочани

77D872F7B46FC8409A67CB5BB4C86A6E

Сливничка плажа

76471018

Ресенскиот Сарај

Еве ја другата страна на медалот:

saraj ostetuvanja

Сарајот внатре

resen cad 10.09.2013 - Copy

Ресен обвиен во чад

Повлекување на водите на Преспанско Езеро

За последните три месеци, нивото на водата е опаднато за 47 сантиметри во висина (11.11.2017)

Дива депонија

IMG_20131214_111230

Староградски градби кои чекаат реновирање

Очигледно еколошката проблематика не треба да се сведува само на определба туку и на вистинско практицирање. Без здрави институции и неурамнотеженост меѓу техничката стручност и раководните способности, како и отсуство на граѓанската еколошка свест и култура, добрите намери никогаш нема да се претворат во реалност. Затоа, клучот за одржлива Преспа е навремена еколошка акција и едукација. Тоа е трајна и итна задача и одраз на времето во кое живееме.

Еколошката едукација подразбира практика во обучување, самоформулирање на кодот на однесување и практикување на интерес за квалитетна животна средина. Еколошката едукација не е предмет или посебна научна дисциплина, туку, процес на учење во кој постојат многу елементи: свест, знаење, разбирање, вештини, вредности, практицирање на закон и активно учество во одржувањето на животната средина.

Да ја почитуваме природата и да се однесуваме одговорно кон неа !

Cestit 8 mart 3

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online