Најново
Home » Живот » Започна бербата на јаболка во Преспа

Започна бербата на јаболка во Преспа

Денес, 27 септември-Крстовден, во Ресен, пред поголем број Преспанчани и гости од земјава, со симболично откинување на првото јаболко во овошниот насад на АД Агроплод започнува годинашната берба на јаболка во Преспа. Ваквиот свечен почеток на собирањето јаболка е дел од манифестацијата “Преспански Јаболкобер 2017”, која се одржува во организација на локалната самоуправа. Манифестацијата “Преспански Јаболкобер” за отворена ја прогласи д-р Ѓоко Стрезовски, градоначалник на Општина Ресен. На “Преспанскиот јаболкобер” присуствуваше и Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија Љупчо Николовски, како и Луиза Винтон, постојан претставник на УНДП во Македонија.

Градоначалникот на Општина Ресен Ѓоко Стрезовски во придружба на Луиза Винтон, постојан претставник на УНДП во Македонија, го откинуваат првото јаболко

Градоначалникот Стрезовски во друштво со министерот Љупчо Николовски и противкандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ Живко Гошаревски

Овогодишниот јаболков род, според земјоделските стручњаци, есенва ќе биде значително помал од минатата година, како резултат на неповолните временски услови што на подрачјето на Преспа беа присутни годинава.

И покрај намалениот јаболков род, Преспанчани не ја пропуштија можноста денешниот ден да го искористат за дружење и разгледување на штандовите на кои беа презентирани бројни производи поврзани со јаболковото производство и земјоделска механизација, а можеше да се посети и изложбата на јаболка од овогодишниот род. Градскиот плоштад во Ресен беше преполн и со штаднови од други компании, институции и организации.

Со игра и песна за бериќет на родот

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online