Најново
Home » Бизнис » “Земјата има добиено благослов од Бога и треба да биде подржана”, порачаа претставниците на AppleLand од Дубаи во Ресен, највувајки нови инвестиции

“Земјата има добиено благослов од Бога и треба да биде подржана”, порачаа претставниците на AppleLand од Дубаи во Ресен, највувајки нови инвестиции

pustanje vo upotreba na otkupno distributivniot centar makazi 2

Попладнево во Ресен Премиерот на Република Македонија Никола Груевски, придружуван од Градоначалникот на Општина Ресен Ѓоко Стрезовски, Директорот на Дирекција за технолошки индустриски развојни зони Виктор Мизо, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, како и претставници од компанијата-инвеститор, го пушти во употреба откупно-дистрибутивниот центар „Apple Land“ во индустриската зона Макази. Притоа, не ја испушти можноста на ресенските овоштари да им посака успешна и плодна берба на јаболката.

pustanje vo upotreba na otkupno distributivniot centar makazi 3

Откупно – дистрибутивниот центар во Ресен  ќе овозможи складирање на јаболката од преспанските производители и нивен пласман на маѓународните пазари, што во голема мера ќе значи олеснување за овоштарите при пласманот на нивниот производ. Во Откупно-дистрибутивниот центар ќе може да се складираат над 10 000 тони јаболка кои со непроменет квалитет ќе може да се чуваат и до 12 месеци, а набавениот современ калибратор ќе овозможи нивно сортирање по боја, големина и слаткост, со што ќе се тежнее, во иднина, да се наметнат европски стандарди за одгледување на јаболка.

pustanje vo upotreba na otkupno distributivniot centar makazi 5

“Земјата има добиено благослов од Бога и треба да биде подржана”, рече во својот поздравен говор претставникот на AppleLand, кој зборувајќи за значењето на Откупно-дистрибутивниот центар, најави уште една инвестиција што ќе се гради во индустриската зона Макази, која во голем дел ќе придонесе за понатамошен економски развој на Преспа и намалување на невработеноста во Општина Ресен.

Попатно, премиерот Груевски направи и увид во градежните активности за рехабилитација на магистралниот пат Битола-Ресен-Буково, за што рече: “Овој патен правец го прави поатрактивен овој регион за идните инвеститори”.

otkupno distributiven centar makazi 12112

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online