Најново
Home » Најнови вести » Живко Гошаревски избран за нов Градоначалник на Општина Ресен

Живко Гошаревски избран за нов Градоначалник на Општина Ресен

На локалните избори што се одржаа вчера, 15 октомври 2017, според извори на Државната Изборна Комисија, во Преспа, од вкупно запишаните 17,119 граѓани во избирачкиот список, гласале 10,061 избирач, односно 58,79%.

Кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ Живко Гошаревски победи со освоени 5,537 гласови, односно 55,03%, додека пак кандидатот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ѓоко Стрезовски освои 3,956 гласови, односно 39,32%.

Живко Гошаревски

Според освоените резултати од гласањето, советничката листа на СДСМ освои 4,374 гласови (43,47%), листата на ВМРО-ДПМНЕ освои 3,925 гласови (39,01%), листата на ДУИ 892 гласови (8,87%) и листата на Алијансата за Албанците освои 315 гласови (3,13%).

Деновиве се очекува официјализирање на резултатите, по што ќе биде познат и бројот на освоени советнички места од политичките партии кои учествуваа со свои кандидатски листи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online