Најново
Home » Живот » Зошто да ја посетите Преспа

Зошто да ја посетите Преспа

Преспа е сместена на тромеѓето помеѓу Македонија, Албанија и Грција. Оваа област се смета за еколошки ентитет од глобално значење бидејќи тука можат да се сретнат разновидни биотопи – езера, планини и шуми кои имаат единствени, уникатни карактеристики. Езерата Мала Преспа и Голема Преспа се меѓу најстарите езера во Европа и затоа во нив можат да се најдат голем број на ендемски видови, како и единствената колонија на Големиот Бел Пеликан во Европската Унија. Регионот се смета за значаен резервоар на биодиверзитетот и природната продукција. Надморската височина (850 метри), бујната вегетација и топлите лета со свежи ноќи ја прават климата погодна за одмор. На нејзина територија се распространети и двата национални паркови – Галичица и Пелистер.

prespanskoezero12

Природна реткост претставува островот Голем Град кој се наоѓа во Големото Преспанско Езеро и зафаќа површина од 1 километар квадратен. Островот е обраснат со бујна шумска вегетација со најголема застапеност на фојата која е ендемичен вид. На островот постоеле 7 цркви од кои сочувана е само црквата Св. Петар. Островот е археолошки локалитет со остатоци од живеалишта, цркви и некрополи од Римската епоха и Средновековието, богат резерват на ендемични растенија и како природна реткост заштитен со закон. Влегува во рамките на националниот парк Галичица.

golem grad ostrov

Културата во Преспа датира уште од неолитот. Via Egnatia поминува низ котлината за време на Римската Империја. Преспа била престолнина на моќното Самоилово Царство основано во 10 век. Сочувани се богати староримски и ранохристијански сведоштва, како и примероци на традиционалната архитектура. На подрачјето на Преспа регистрирани се 130 археолошки локалитети од различни периоди од развојот на материјалната култура. Во Преспа постојат 95 цркви и манастирски комплекси, како и 1024 икони. До денес опстојуваат сакралните објекти од периодот 11-17 век: Св. Илија во с. Грнчари (12 век), Св. Ѓорѓи во с. Курбиново (12 век), Св. Сава во с. Претор (14 век), Св. Богородица во с. Сливница (17 век), Св. Петка во с. Брајчино (14 век) и Св. Атанас и Св. Архангел во с. Долно Дупени (14 век). Како еден од позначајните споменици од исламската култура е Хаџирамадановата џамија во Ресен изградена во 1592 година.

Manastir Kurbinovo 2

По својата традиционална селска архитектура препознатливи се селата Брајчино, Љубојно и Долно Дупени со куќи изградени од камен кои се’ уште го отсликуваат духот на едно минато време. Од ресенската градска архитектура, со своите архитектонско-естетски вредности, посебно се издвојува зградата на т.н. Сарај – споменик на културата, изградена во почетокот на 20 век во времето на Младотурската револуција во стилот на нео-класицизмот по примерот на француската архитектура во која се наоѓа Aрхеолошката музејска збирка, Домот на Културата, ресенската Kерамичка колонија која е членка на интернационалната академија за керамика при УНЕСКО, како и спомен-музејската поставка на сликарката Кераца Висулчева.

Resne_Saraj

Преспа се одликува со долготрајно сончево зрачење со над 100 сончеви денови во текот на годината.

plaza dolno dupeni

Климата, богатото културно-историско наследство и природните богатства се причина повеќе да ја посетите Преспа. А, за оние кои што сакаат да дојдат во Преспа, на располагање им стојат хотели, ресторани и други угостителски објекти.

galaxy pretor vnatre

Преспа има одлични услови и за здравствен туризам. Во Отешево е сместен Заводот за превенција, лекување и рехабилитација на хронични респираторни, неспецифични и алергиски заболувања со 72 легла.

zavod za rehabilitacija otesevo

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online